По 16 години заеднички живот: Тајно се венчаа Зуица Лазова и Наум Петрески

0
Фото: mms.mk

Наум и Зуица без голема помпа и во кругот на семејството и најблиските пријатели тајно склучиле граѓански брак, а потоа решиле да се заколнат на вечна љубов во еден од најубавите манастири во нашата земја –  Св. Наум во Охрид, пишува MMS.mk.

Фото: mms.mk /

Зуица на црковната вечкавка облекла бел фустан со интересен дезен, а Наум сив костум во комбинација со црна кошула.

Пејачите се родители на ќерката Македонка и синот Стефан кои тргнаа по нивните стапки, одбирајќи ја музиката како нивна пасија и љубов. Од претходниот брак пејачот ги има ќерките Анастасија и Сања.

Фото: mms.mk

Анастасија Петреска, тргна по стапките на својот познат татко и веќе е успешна пејачка во Македонија, иако во последно време е посветена на мајчинството. Имено, Анастасија исто како и нејзиниот татко е во брак со колега, пејачот Владимир Поповски од групата „Биоритам“.

Големо музичко семејство.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content