СДСМ-Струмица со нерегистрирано возило агитира и разгласува за митинг

132

Почитувани сограѓани, СДСМ-Струмица продолжува со своето безредие. Во текот на вчерашниот ден, со возило кое е без регистарски ознаки и не треба да учествува во сообраќајот, агитираа и разгласуваа за денешниот митинг во Струмица.

Продолжуваат да се однесуваат спротивно на законот заборавајќи дека тоа време помина.

Покрај тоа, синоќа доцна во ноќта наместо како вистински Христијани да отидат на Црква, повторно нивни познат лик на струмичани и Македонија, вршел притисоци во Турското Маало врз нашите сограѓани.

Останете луѓе и прифатете го поразот. Градот е мал, треба да продолжиме да се почитуваме и понатаму без разлика кој е на власт а кој опозиција. Оставете го народот, тој ги избра промените!

Д-Р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content