СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

На пратениците за девет месеци исплатени близу 200 илјади евра за патни трошоци

Интересно е што најголемите суми по човек се исплатени во месец април – кога голем дел од пратениците ставаа потпис а не влегуваа во сала да гласаат.

За девет месеци откако станаа пратеници а пандемијата ја преседоа дома па и кога доаѓаа во Собрание не се закажуваа седници, од државата искеширале 193.000 евра за патни трошоци – или, за споредба, „пропатувале“ три трособни стана од 70-тина квадратни метри.

Порталот „СДК“ кој ги добил податоците од собраниското сметководство нотира дека само за месеците февруари, март и април во кои, впрочем, Собранието беше најмалку активно – народните избраници по оваа ставка „ќариле“ 73.000 евра.

 

Од топ 10-те пратеници кои најмногу ја истрошиле државната каса, рекордот го држи Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ кој од август лани до април годинава земал 7.620 евра. По него е неговиот сопартијец Петар Ристески со 7.278 евра за патни трошоци. Нешто помала сума, 7.174 евра, подигнал и пратеникот на Алијанса за Албанци, Сурија Рашиди.

Следуваат и пратеничките Јадранка Поцкова и Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ со 6.131 односно 5.800 евра за патни трошоци, потоа сопартијките од СДСМ Соња Михаиловска и Драгица Ѓавочанова со по околу 5.200 евра. Помеѓу 4.200 и 4.800 евра земале и Миле Лефков и Зоранчо Јованчев од најголемата опозициска партија, како и Панчо Минов од владината коалиција.

Интересно е што најголемите суми по човек се исплатени во месец април – кога голем дел од пратениците ставаа потпис а не влегуваа во сала да гласаат.

Проблемот со патните трошоци постои со години, а се актулизираше особено откако СЈО поднесе обвенение за експратеничката Силвана Бонева, под осмнеж дека злоупотребила над 100.000 евра.. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, сепак, тврди дека не гледа начин да се стави крај на ваквата пракса..

Конкретна иницијатива имаше Левица која поднесе предлог-закон со кој патните трошоци од 20% би се скратиле на 5% за литар гориво на поминат километар или надоместок во висина на автобуска карта. Но предлогот се уште е заглавен во собраниските фиоки.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content