СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Најчевска: Кога работното место е обезбедено за Албанец(ка)

Професорката Мирјана Најчевска реагира на Оглас на Агенцијата за администрација во кој за место „Виш советник за техничка, оперативна и логистичка поддршка, Сектор за општи и нормативни работи(1) е поставен и дополнителен услов покрај степенот на образование, комјутерските вештини, познавање на странски јазик и.т.н. односно дека однапред е обезбедено за Албанец(ка).

„Мислам дека против ваквите огласи треба да се поднесе пријава до Комисијата за заштита од дискриминација и до Уставен суд и потоа да се оди пред Европскиот суд за човекови права.

Ова се нарекува дискриминација врз основа на етничка припадност.

Како што реков, при постоење на кандидати со приближно исти квалификации може да се предвиди предност за кандидатот кој е од конкретна етничка заедница доколку постојат податоци за драстично отсуство на таа заедница од конкретниот државен орган“, пишува Најчевска.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content