СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Касами најави учество во идната влада

Претседателот на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција „Влен“, Биљал Касами денеска на настан во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната влада. Посочува дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени.
Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицинирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија, рече тој.
Касами нагласи дека нивната коалиција се „гаранти на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content