Завршија подготовките за утрешниот настан „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

0

Гостите од Србија, Хрватска и Италија пристигнуваат вечерва во градот под Марковите кули, се прават тонските проби на настапите на децата од детскиот хор “Весели Ѕвончиња“, денс студио Њу џенерејшен како и на целата бина, осветлувањето, штандовите и озвучувањето.

Групите и учесниците исто така се подготвени за своите креативни настапи. Фестивалот ќе започнае во 11.00 часот со детско фризерско шоу, потоа следува настапот на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари. Веднаш потоа во 12.30 е официјаното отварање на фестивалот, а програмата ќе продолжи со презентација на: Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија. Исто така досега се највени гости од Хрватска, Србија, Албанија и Италија, како и од околните градови и од земјава.
Повелете на добра забава!

Билетите се во продажба на билетарата на ЦК „Марко Цепенков“. Со секоја купена карта се прави донација за изградба на трибини на стадионот со вештачка трева, вели организаторот.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content