СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното

Ќе има политичка промена. Ваков е впечатокот на бизнисот по вчерашните претседателски избори. Очекуваат поголема излезност за 8 мај, а на новата Влада, која ќе се формира и порачаа – она што го ветуваа пред избори, чекаме да се реализира. Само на тој начин ќе можат да работат и да ги планираат следните чекори компаниите .

Добро е што пред изборите  поголемите политички партии дојдоа пред бизинисот да ги презентираат своите програми, вели Пешев. Но им ги  кажале и очекувања од нив – отчетност за секој потрошен денер, реализација на капиталните инвестиции, враќање на правната држава, почитување на пазарните маханизми, борба против сивата економија и ефикасна админситрација.

Изминатиов период од Стопанската Комора беа се погласни во критиките  дека ниту една влада до сега немала слух за нивните проблеми. Од новата,  ќе бараат заединчки дијалог и вклученост во креирањето на сите закони кои го засегаат бизнисот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content