СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Голем дефект со кредитните картици од македонските банки од пред неколку часа. Според информациите ниту една кредитна картичка не функционира. И тоа станува збор за картички од буквално сите банки во Македонија.

Според информациите на А1он оневозможено е плаќање и било какви трансакции со кредитните картички на територијата на цела Македонија. Не функционира ниту вадењето пари од банкомат. Единствена можност е вадење пари директно од шалтерите на банките.

Успеавме да добиеме потврда за ова од неколку маркети и продавници низ цела држава, но и од страна на неколку банки.

Од контакт центарот на Комерцијална банка добивме информација дека во моментов не функционираат македонските картички ниту во странство.

Ова особено може да биде проблем бидејќи во тек се летните одмори и многу македонци се во странство, каде се ослонуваат на своите кредитни картички за било какви плаќања.

Според информациите кои ги добивме се работи за сериозен дефект, односно изгубена е врската со главниот провајдер. Се очекува проблемот брзо да биде надминат, но засега нема најави кога тоа може да се очекува.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content