Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Поблиску” во режија на Кирил Петрески

0

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Текстот и авторот првпат се поставува во прилепскиот театар.

-Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни парови – вели режисерот Петрески.

Во претствата ќе играат Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Илија Волчески и Дарко Карбески.

Костимограф е Александар Џинго, изборот на музиката е на режисерот Петрески и Томе Темелкоски. Премиерата е планирана за месец мај.

Авторот Патрик Марбер е современ англиски драматург, театарски и филмски режисер, актер и сценарист. Автор е на повеќе пиеси, сценарија за филмови, професор по современ театар на Оксфордскиот универзитет.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content