СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Десет најдобри намирници за вечера

Никогаш не го прескокнувајте последниот оброк во денот, само воведете храна која не дебелее!

Според правилата на здравата исхрана, вечерата е исто толку важен оброк како и појадокот. Во желбата да ослабат, многумина го прескокнуваат и признаваат дека им е тешко да не јадат после 18 или 20 часот. Спротивно на популарното верување, нутриционистите истакнуваат дека последниот оброк можете да го имате два часа пред да си легнете. Можете и треба да јадете навечер, но ако се придржувате до неколку основни правила – правилен избор на храна, осумчасовен сон и ослободување од стрес.

По 16 часа, метаболичките процеси во телото се забавуваат, но тоа не се изразува на ист начин кај сите. Апетитот многу често се буди навечер, а тоа се случува затоа што телото конечно се буди, откако ќе потроши максимален број калории во текот на денот. Така, на телото му е потребна дополнителна исхрана, а изворот на енергија може да биде здрав, но во исто време многу вкусни и задоволувачки јадења кои ќе го елиминираат чувството на глад, а нема да и наштетат на фигурата.

Месото, рибата, млечните производи, мешунките, јаткастите плодови и авокадото се храна со малку јаглехидрати. Дури и ако не следите одредена диета, тие се најдобриот избор за вечера. Јадењата направени од овие намирници поволно делуваат на метаболизмот, што помага за брзо слабеење. Изобилството на влакна во комбинација со храна богата со протеини го подобрува варењето и функционирањето на гастроинтестиналниот тракт.

Топ 10 намирници за вечера кои не дебелеат:
1. Салата од бело месо и зелен зеленчук (тиквички, зелена салата, краставица, маслиново масло и сок од лимон)
2. Салата од посна риба и домати со босилек,
3. Морска храна,
4. Зелени јаболка и цимет,
5. Чаша кефир и печен зеленчук (црвена пиперка, тиква, тиквички),
6. Омлет со авокадо и домат,
7. Салата од свеж зеленчук и грст бадеми со додаток на ленено масло,
8. Варени ракчиња,
9. Брокула,
10.Пире од целер.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content