СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Зошто не треба да пиете кафе пред појадок

Ако малку подоцна го почнете денот со првото утринско кафе, ќе имате поголеми придобивки од него.

Анксиозноста по првото кафе во денот, којашто многумина ја чувствуваат, би можела да биде резултат од „судир“ на кофеинот и кортизолот, хормон што се активира кога сме под стрес.

Според една истражување, откако ќе се разбудиме, кортизолот и адреналинот во комбинација ни даваат „инјекција“ на енергија во првите 30 до 45 минути. Кога на тоа уште ќе се вклучи и кофеинот, може да има негативни влијанија како анксиозноста.

 

Поради тоа е подобро првата шолја кафе малку да ја одложите. Најдобро е да пиете кафе кога ќе престане делувањето на кортизолот и адреналинот, по споменатите 45 минути или еден час по будењето.

Тоа обезбедува кофеинот да делува самостојно. Ако веќе не можете да чекате толку долго за да пиете кафе, може пред кафето да пиете многу вода, пишува Eat This, Not That.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content