СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Голем пад на индустриското производство

Статистичките податоци покажуваат дека се намалува индустриското производство во Македонија.

Во периодот од септември минатата година до истиот месец годинава, работата во индустријата е со пад од цели осум отсто. Ваква состојба покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројките се неповолни. Капиталните производи се намалени за 41 отсто, а сериозен пад од 15 отсто има и кај преработувачката индустрија.

 

Извештајот покажува дека намалување од 4,7 отсто има кај производството на храна, Производството на текстил е намалено за 41, а на облека за скоро 23 отсто.

Производството на метали пак има намалување од 16 отсто, а производството на машини и компјутерски делови бележи намалување од близу 44 отсто.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content