СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Со 40 убоди со нож убиена жена во Кочани која пријавувала закани

Грозоморно убиство се случи утринава во Кочани. Педест и девет годишен маж, поранешен партнер на 46 годишна кочанчанка, по претходна вербална расправија и нанел 40 убоди со нож, а од здобиените повреди починала на самото место. Настанот се случил пред куќата на жената, во време кога се подготвувала да оди на работа. Според првичните сознанија, причина за нападот и изнуда на пари со компромитирачки снимки, за кои напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Жената неколку пати заканите ги пријавувала во полиција и во јавното обвинителство. Од невладината „ЕХО“ од Штип, велат Закон има, постојат одредби, но прашање е колку брзо и квалитетно надлежните институции одговараат на пријавите за уцени, демнење, закани и загрозување на сигурноста на жртвите.

– Уцената е сериозно кривично дело за кое прети казна до 5 години затвор. Можеби институциите не ги сфатиле сериозно пријавите на жената, зашто како што гледаме 7 години траела нејзината агонија и најверојатно тоа ја обесхрабрило да пријавува и да бара помош, се додека не била финансиски исцрпена и во тој случај повторно се обратила до органите. Прашање е, кога пријавила, колку и што се превземало во меѓувреме, колку сериозно е сфатена нејзината пријава и дали е направена  проценка на ризик, изјави Благица Кирова, НВО „ЕХО“-Штип.

Според Кирова, одговoрност треба да се бара и во Центарот за социјални работи, бидејќи целиот случај има и родова димензија, зашто се работи за поранешни партнери.

–  Не се препознава ризикот од фемицид. Значи, институциите, полицијата и Центрите за социјална работа имаат правилници коишто им укажуваат како да прават проценка на ризик на секоја една пријава што доаѓа кај нив. Дури некогаш ги регистрираат како поплаки и не превземаат ништо, а се должни да направат проценка на ризик и да видат колку е висок ризикот по сигурноста и безбедноста на секоја една жена која пријавува било каков облик на насилство, додаде Кирова.

Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР – Кочани, телото е дадено на обдукција, а напаѓачот е приведен.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content