Ова значи дека сите функции што претходно биле заклучени зад enterprise профилот ќе им бидат достапни на сите што имаат сметка на Google. Останува да видиме колку ова ќе им биде од важност на корисниците. Во најголем дел, софтверот и услугите на Google, како што се Drive, Docs, Sheets, Meet и други, веќе беа достапни за корисниците, без оглед дали тие имале стандарден или enterprise пристап.
Секако, ова не значи дека Google се откажува од своите планови за деловни / enterprise корисници. Компанијата и натаму работи на тоа да биде корисна за компаниите, за што сведочи и најавата за Google Workspace Individual услугата, која доаѓа со некои ексклузивни функции и е наменета за сопствениците на мали бизниси.