СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Аплицирајте побрзо ако сакате македонски таблички и поевтини давачки

Законот стапи на 22 декември 2020 година, а барањето за регистрација на возилата треба да се поднесе најдоцна до 21 јуни 2021 година до МВР.

Од 22 јуни, Царинската управа ја прекинува постапката со која увозните давачки за возилата се пресметуваа во намален износ за 50 отсто, согласно со Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Од оваа институцијата ги информираа сите заинтересирани, со време да ја започнат и завршат постапката за увоз на овие возила и да ги платат увозните давачки, за да ја започнат постапката за регистрација на возилата која завршува на 21 јуни годинава. Сложеноста на процедурата опфаќа и хомологација и проверка од Интерпол, дали возилото е предмет на истрага.

Бидејќи законот стапи на сила 20 дена по денот на неговото објавување (22 декември 2020 година), барањето за регистрација на возилата треба да се поднесе најдоцна до 21 јуни 2021 година до МВР. Законот пропишува дека граѓаните може да поднесуваат барање за регистрација на возилата со странски регистарски таблички, во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон – потсетуваат од Царината.

 

Оние што ги исполнуваат условите за двојно поевтина регистрација, треба да дадат две изјави на нотар, со кои ќе потврдат дека колите им се влезени на македонска територија пред 1 октомври 2020 и дека ќе ги регистрираат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

Според податоците, околу 70 отсто од досега регистрираните возила се со бугарски таблички, а државата наплатила околу 3 милиони евра приходи.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content