СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Лукаревска молчи, во центарот на Скопје не функционира системот за наплата на ДДВ

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска која знае или мора да знае за кршење на законите во нејзиниот домен молчи иако во центарот на Скопје не функционира системот за наплата на ДДВ.

Јавна тајна е дека во одредени дуќани на улицата Пластичарска чии газди се блиски со луѓе од власта не се плаќаат даноци поточно ДДВ.

По низата други сведочења дека на ,,Пластичарска” некој ги штити газдите од издавање на фискални сметки со кои ќе мораат да платат данок, денеска излезе копија од сметка која не е фискална ниту заведена во УЈП и за која газдите не плаќаат даноци.

На овој начин некои бизнисмени заштитени од политиката не плаќаат даноци.

На потег е шефицата на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска која или ќе преземе нешто, или ќе се повлече или од страв од тие што ги штитат неплаќачите на даноци ќе замолкне и ќе седи на функцијата до крајот на мандатот.

Последниот доказ дека на Пластичарска не се плаќа ДДВ на линкот.

https://www.facebook.com/100000496451086/posts/pfbid02r6MSRdDdAeW9AE4EgmJUXx6kwmYYG7c2aizVPvcVpMKHWuX9igb5AvgjpRCpygV2l/?mibextid=Nif5oz

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content