СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Зошто треба секој ден да јадете јагоди

За многумина, јагодите се омилено пролетно овошје.

Освен што се слатки и миризливи, јагодите се богати со влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум. Содржат и железо, бакар, магнезиум, селен и витамини.Редовната консумација е поврзана со здраво ниво на шеќерот во крвта. Без сомнение треба да ги воведете секој ден на менито, барем во овој период додека се достапни на пазарите и маркетите.

1. Можат да ја подобрат работата на срцетоСтудија објавена во магазинот Journal of Molecular Sciences вели дека со секојдневното консумирање намирници богати со витамин Ц, како јагодите, може да го подобрите здравјето на кардиоваскуларниот систем.

2. Го чуваат здравјето на мозокот

Научниците велат дека јагодите се одговорни и за намаленото пропаѓање на мозокот, а можно е за тоа да се одговорни флавоноидите коишто се наоѓаат во нив, а имаат антивоспалителни својства и штитат од рак.3. Го подобруваат варењето на храната

Една шолја јагоди содржи околу 3 грама влакна кои се важни за дигестивниот систем и цревата, па штитат од опстипација.

4. Помагаат во зачувување на видот

Јагодите помагаат во превенција на старосна макуларна дегенерација, најчест причинител на слепило кај повозрасните лива. Истражување покажа дека со секојдневна консумација на три или четири овошки можно е да се намали ризикот од макуларна дегенерација за повеќе од 36%.

Колку повеќе јагоди јадете, толку поздраво ќе биде вашето тело.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content