Македонија ќе изготви Национална стратегија за вештачка интелигенција
По извршените консултации со голем број компании од ИКТ индустријата, на денешната седница Владата донесе заклучок за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, и го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој да обезбеди номинации членови на работна група за изготвување на национална стратегија за вештачка интелигенција.
Изготвувањето на Стратегијата произлегува од определбата на Владата за долгорочно стратешко планирање и на стратегијата треба да се гледа како дел од планот за економски развој на Република Северна Македонија и дел од Националната развојна стратегија 2021-2041.
Иницијативата за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција е со цел да се овозможи дигитална трансформација на целата индустрија, ќе им овозможи на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат и ќе создаде можности за развој на вештачката интелигенција од страна на компаниите.