СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Се гради спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“ во Прилеп

Деновиве започна изградбата на долгоочекуваната спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп, соопшти градоначалникот Илија Јованоски.

Салата ќе се протега на површина од 650м2, а со нејзината изградба се обезбедуваат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

Спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика, спортови потребни за правилен раст и развој на децата.

 

Новата мултифункционална и енергетски ефикасна училишна спортска сала, е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content