СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Исплатени 232,2 милиона денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализира исплата на директните плаќања за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот.

Вкупната вредност на исплатата изнесува 232,2 милиона денари кон 8.435 корисници.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои пријавиле употреба на сертифициран семенски материјал за производство на пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, тритикале, елда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикиритки, памук, анасон, шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут, луцерка и ориз.

Преку оваа подмерка се поттикнуваат полјоделците да употребуваат сертифициран семенски материјал инвестирајќи во квалитетен род и зголемен принос. Реализацијата на исплатата за оваа подмерка доаѓа навремено во период кога актуелна е и жетвата на житните и индустриски култури, што дополнително ќе ги помогне земјоделците во трошоците.

„Земјоделците оваа година се сведоци на навремена исплата за сите директни плаќања предвидени од програмата. Навремено уште на почетокот од годината беа исплатени и основните директни плаќања за полјоделски култури, што заедно со исплатата на оваа подмерка достигнува до 650 милиони денари поддршка за овој сектор“, велат од Министерството.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека во наредниот период ќе биде реализирана и финансиската поддршка за предадени житни и индустриски култури во домашни преработувачки капацитети, како и исплатата за произведени и предадени овошни и градинарски култури.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content