СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Од денеска повторно ќе може да се плаќаат сметки во подружниците на Пошта

Граѓаните од денеска повторно ќе можат да плаќаат во готово преку шалтерите на Пошта.

Системот на Халкбанк е имплементиран и почнува да функционира платниот промет, согласно договорот потпишан со националната Пошта.

Халкбанк АД Скопје, беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, откако претходно беше во прекин поради пропаѓање на Еуростандард банка.

 

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во подружниците Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта, информираа од Халкбанк АД Скопје.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта, ќе биде со поволни провизии, односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content