Утре е Бадник, задутре Божиќ

55

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

Оваа година поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

 

Одборот за прослава на Бадник, најави дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи. Кум на манифестацијата годинава ќе биде проф. д-р Никола Пановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски.

Бадникарската прослава ќе се одвива под строгите правила за заштита и движење и однесување, но за деталите ќе информираат пред одржувањето на настанот.

Нема да има делење на бадникови гранчиња во дворот на Соборниот храм „Климент Охридски” во Скопје, туку на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата.

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Нема да се одржат ниту традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

– На 6 јануари напладне каде и да се наоѓате на планетата Земја, запрете за миг и помолете се за подобра година за сите, апелира Здружението за православни вредности „Бадникови поворки” по повод овогодинешното чествување на Бадник и Божиќ.

Околностите, посочуваат од Здружението, не дозволуваат да ја организираме традиционалната божиќна манифестација, ниту да формираме поворки на радост низ улиците, но ништо не’ не спречува, од топлината на своите домови, да ја пееме божиќната песна погласно од било кога.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content