Владата донесе одлука угостителите да работат до 21 часот

33

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил ги објави новите одлуки на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.

„Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:

 

Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.“ напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content