Во периодот јануари-септември 2020 година остварен е оперативен приход во износ од 1.293.626 илјади денари, а кој во споредба со остварениот оперативен приход во истиот период од 2019 година покажува помало остварување односно остварувањето е 87%. Остварените финансиски приходи во 2020 година во износ од 14.871 илјади денари во споредба со остварените финсиски приходи во истиот период од 2019 година покажуваат помало остварување односно остварувањето е 78%. Во структурата на приходите позначително учество има приходот од продажба на производи и стоки на домашен пазар во износ од 1.263.956 илјади денари и во споредба со ланскиот период има реализација од 87,0%, додека останатите оперативни приходи се остварени во износ од 15.220 илјади денари и кои во споредба со ланскиот период покажуваат реализација од 147%.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.