Технологија

„Realme“ претстави два нови модели: „Realme 7“ и „Realme 7 Pro“

Серијата на паметни телефони Realme 7“ вклучува два нови модели, „Realme 7 Pro“ и „Realme 7“, кои денеска беа претставени за европскиот пазар.

Новата серија, како што се надеваат во компанијата, ќе има пристапна цена и долго траење на батеријата, ќе бидат пред се погодни за младите, да ги исполнуваат нивните дневни потреби и барања.

„Realme 7 Pro“ – еволуција во полнењето од 65W

Моделот „Realme 7 Pro“ доаѓа со 65W поддршка „SuperDart Charge“ и батерија од 4.500mAh, која до 100 проценти се полни за само 34 минути – што е најбрзо време на полнење во средната класа на телефони.

„Realme 7 Pro“ поседува „Sony Quad“ камера од 64MP, со „Starry Mode“ режим на работа и бројни нови филтери, како и селфи камера од 32 MP.

Тука е и процесорот „Snapdragon 720G“, како и „Super AMOLED“ екранот со дијагонала од 6,4 инчи.

„Realme 7“ – неверојатна моќ, неверојатно полнење

Со 30W поддршка „Dart Charge“ и батеријата од 5.000mAh, која во „standby“ режим може да трае и до еден месец, „Realme 7“ e замислен како идеален за љубителите на видео-игри, па така и го поседува првиот гејмерски процесор „MediaTek Helio G95“.

„Ultra Smooth“ екранот пристигнува со стапка освежување од 90Hz, додека го карактеризира и „AI Quad“ камера од 48MP, како и предна камера од 16MP.

„TÜV Rheinland Smartphone Reliability“ верификација

Новата серија ја отсликува и вложувањето на компанијата во висок квалитет на производ. Па така моделите „Realme 7 Pro“ и „Realme 7“ се првите паметни телефони кои го минаа тестот „TÜV Rheinland Smartphone Reliability Verification“ за анализа на издржливоста на компонентите и работата на телефонот при секојдневната употреба и во екстремни услови.

„TÜV Rheinland Smartphone Reliability Verification“ се остои од 22 големи и 38 мали тестови.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content