Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во тридневна посета на Македонија

Посетата на Драупади Мурму има историско значење, бидејќи станува збор за прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Официјалната посета на шефицата на индиската држава е во рамки на на нејзината европска турнеја која ги опфаќа и Молдавија и Романија.

За време на престојот во Скопје Мурму ќе се сретне со државниот врв, при што во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералната соработка, економските односи, трговијата, инвестициите, информатичката технологија, образованието и науката. Во рамки на посетата се предвидени и средби со претставници на бизнис-заедницата, како и активности посветени на зајакнување на културните врски меѓу двете земји.

Драупади Мурму е претседателка на Индија од јули 2022 година и е 15-ти претседател на најнаселената демократија во светот.

Таа има значајна улога во претставувањето на земјата на меѓународната сцена и во промовирањето на индиската дипломатија. Нејзините странски посети се насочени кон продлабочување на политичките и економските партнерства, особено со земјите од Европа, Африка и Азија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content