Извлечени двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

40

Денешната ждрепка сакаше сепак да има интересни осминафинални битки, пред се оној меѓу Академија Пандев и Вардар, како и оној меѓу Струга ТЛ и Работнички. Во Штип играат големите ривали Брегалница – Беласица. Шкендија ќе има лесна задача со Гостивар, како и Шкупи со Кит Го.

Ренова го дочекува Пелистер, а Кожуф тимот на Силекс. И на крај Македонија ЃП ја дочекува екипата на Каменица Саса. Да повториме, се игра по еден натпревар и тоа на 21 октомври.

 

ДВОЈКИ:

А. Пандев – Вардар

Македонија ЃП – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

*Натпреварите се играат на 21.10.2020

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content