СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест”

Во Штип синоќа со макфестовските евргрини почна 35-то издание на Фестивалот за музика „Макфест".

Поради пандемиијата, фестивалот за првпат излезе на отворено на Градскиот плоштад „Слобода”, публиката со заштитни маски и на растојание од метар и половина уживаше и потпевнуваше на безвременските хитови, интерпретирани од Џина Папас Џокси, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев заедно со Виолета Арсовска и групата Интервали, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

Преку видео пораки публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн” и Хелена Благне. Организаторите на фестивалот одадоа почит и на Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката со коронавирусот. Неговото творештво, песни и ден денеска живеат, а една од нив е и победничката „Свирете ја зајади, зајди”.

Вечерва е натреварувачката фестивалска вечер, на која ќе се испејат 24 нови макфестовски песни.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content