Од градоначалникот, па надолу сите треба да понесат морална одговорност, вели Мицкоски

„Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека работите околу нивните ингеренции се завршени и предадени и до обвинителството. Сега на потег е обвинителството, односно обвинителот кој треба да излезе со квалификација. Истовремено како Влада во текот на вчерашниот ден преземавме чекор да обезбедиме 50.000 литри флаширана вода за пиење за гостиварчани. И тоа така ќе биде секој ден. Вчерашните количини утрово се поделени, а денеска очекуваме нови три шлепери кои ќе бидат повеќе од 20.000 литри по шлепер, некаде околу 60.000 литри, кои очекуваме во текот да денот исто така да бидат дистрибуирани.
Според препораките од АХВ и Институтот за јавно здравје водата не се користи ниту за технички потреби. Во суштина сѐ ова што го правиме е работа на локалната самоуправа, но кога имате таму летаргија, тогаш морате како Влада да реагирате и да ги преземате работите. Значи сега треба Водовод во Гостивар да пристапи кон прочистување на системот за да можат граѓаните да ја користат водата за технички потреби и за хигиена, бидејќи сега во моментот вака како што е не треба ниту за хигиена да ја користат.
Од денеска па натаму локалното јавно претпријатие за водовод треба да почне со чистење на системот, хлорирање и да речеме во рок од ден, два или три да можат граѓаните да ја користат водата барем за техничка потреба. Тоа е веќе под ингеренциите на локалната самоуправа“, изјави Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content