Министерството за внатрешни работи ги демантира објавените невистини и шпекулации во дел од медиумите во врска со сообраќајната несреќа во која животот го загубија три лица на автопатот ГП Блаце-Скопје дека наводно лицата биле бркани од друго возило кое лажно се претставувало како полиција и дека таква појава била забележана и претходно. Апелираме да не се шират дезинформации, ниту е забележана таква појава ниту има пријави за т.н. лажна полиција, а истражните органи ќе ја откријат причината која придонела до сообраќајната несреќа.
…
