Со камења нападнал даночни инспектори кај „Камени Кукли“, Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство во Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин, осомничен за кривичното дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, предвидено во член 382 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, општина Кратово. Осомничениот, наводно, ги спречил двајцата даночни контролори кои извршувале службена контрола поврзана со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Во текот на настанот, тој фрлал камења кон инспекторите и нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат службената постапка.

Поради тежината на случајот и околностите под кои е сторено делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content