Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и топло, но во попладневните часови се очекува зголемена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме во делови од земјата.
Според најавите, нестабилното време ќе ги зафати претежно крајните источни и западни региони, каде локално се можни поинтензивни врнежи, засилен ветер и електрични празнења.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, а во попладневните часови во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи од 31 до 39 Целзиусови степени, поради што надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни при престој на отворено, особено во подрачјата каде се најавени нестабилни временски услови.
…
