Мицкоски: Капиталните проекти се доказ дека Владата испорачува резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Општина Сарај, каде изврши увид во активностите за регулација на коритото на реката „Сува Река“.

Мицкоски посочи дека станува збор за капитален проект од големо значење за жителите на овој регион, кој има за цел да го подобри квалитетот на живот и безбедноста на населението.

„Сакам да се заблагодарам за тимската работа бидејќи ова е капитален проект од витално значење и проект кој има за цел да го подобри квалитетот на живот на населението коешто својата иднина ја гради токму овде, покрај овој проект“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата останува посветена на реализација на проектите и исполнување на преземените обврски кон граѓаните.

„Не е лесно, предизвици има многу, но нема да очајуваме. Проблемите коишто се наталожиле со децении не може да се решат преку ноќ, но бараме начин и можност повеќе за сето она што претставува приоритет на граѓаните да биде завршено“, додаде премиерот.

Според него, институциите ќе продолжат со работа на проекти кои директно влијаат врз подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content