ВЛЕН: Со шест министри остануваме посветени на реформите и граѓаните

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори.

Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека процесот на промени продолжува, а новите кадровски решенија, според нив, се темелат на професионалност, знаење и интегритет.

Во соопштението се наведува дека професорот Јетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, а Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам.

ВЛЕН посочува дека, покрај овие ресори, ќе продолжи да раководи и со министерствата за економија, животна средина и европски интеграции, со што партијата ќе има вкупно шест министри во Владата.

„Ова не е само промена на имиња, туку јасна порака дека институциите треба да им служат на граѓаните, а не на партиските интереси. Нашите министри ќе бидат оценувани според нивната работа, реформите и резултатите што ќе ги испорачаат“, велат од ВЛЕН.

Од партијата додаваат дека ќе продолжат да се залагаат за силни институции, реформи и политики насочени кон јавниот интерес, нагласувајќи дека „со ВЛЕН промените продолжуваат“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content