Изгорени над 250 хектари во пожарот во Пробиштип

Општина Пробиштип од денеска почнува да ги прима пријавите за штетите на земјоделските култури и на објектите по големиот пожар, кој се случи на 3 јуни во атарите на селата Неокази, Бучиште и Ратавица, информираше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Тој истакна дека пријавувањето на штетите ќе трае до 15 јули, по што на терен ќе излезе Комисијата за проценка на штетите формирана од Општината.

-Ние како општина имаме формирано комисија која ќе треба да ја утврди настанатата штета и согласно правилникот кој го има донесено Општина Пробиштип, ќе биде доставен до Советот. Понатаму ќе биде доставен до Владата, по што граѓаните делумно ќе бидат обештетени од оваа несакана појава – вели Тоневски.

Инаку, според првичните проценки, опожарени се над 250 хектари во атарите на Неокази, Бучиште и Ратавица и изгоре една куќа во селото Бучиште.

-На настанатиот пожар во петокот, има зафатено околу 250 хектари. Главно се земјоделски површини, има нискостеблеста шума и пасишта, зафатени се пчелни семејства, овоштарници, житарици и дел од куќите во село Бучиште, вели Тоневски.

Во ТППЕ-Пробиштип пожарот е пријавен дека гори нива со жито во село Неокази, по што поради ветерот се раширил во правец кон селата Бучиште и Ратавица. (МИА)

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content