ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека реформите се за граѓаните, а не за партиите

Од партијата потенцираат дека на СДСМ и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања.

„Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат. СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите. Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДС и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДС и ДУИ да го спречат напредокот на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content