Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени.

Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно учествуваа претставници на правосудниот систем, академската и стручната јавност, како и други засегнати страни. Нивните забелешки и предлози беа земени предвид со цел да се обезбеди современо, квалитетно и функционално законско решение.

Со новиот Закон за парничната постапка се воведуваат суштински реформи насочени кон модернизација на судските постапки, зголемување на ефикасноста на судовите и зајакнување на правната сигурност. Предвидени се решенија кои овозможуваат поефикасно водење на постапките, поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба, можност за вештачење и увид по службена должност, како и целосна дигитализација преку електронска достава и одржување расправи по електронски пат.

Особено значајни се мерките за забрзување на постапките во споровите од мала вредност, воведувањето поправедни и попропорционални глоби, како и новиот механизам на претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што дополнително се унапредува пристапот до правда.

Предложените законски решенија се усогласени со повеќе системски закони и европските стандарди и претставуваат важен придонес кон изградбата на модерен, ефикасен и правно кохерентен правосуден систем.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content