Мицкоски: Ветувањата од Преспанскиот договор останаа нереализирани

„Поучени од тие лекции од минатото, ние денес ја водиме нашата надворешна политика, политика која не е составена од полирање чевли на евродипломати во Брисел и коленичење, туку која се темели на аргументи. Така се бориме во овој момент и така создадовме пријатели. Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото. Но, ние сме подготвени да се бориме, се бориме и така ќе продолжиме“, додаде премиерт Мицкоски.

Владата е свесна, рече, дека ќе има многу предизвици, но е подготвена да ги решава еден по еден.

„Никако нема да се предадеме. Битно е дека Македонија забрзува и дека како многупати во минатото, и овој пат ќе победиме“, потенцира Мицкоски.

Тој е дециден дека нема никаков проблем да се сретне со сите соседи и да разговара на сите теми, па и за оние за кои не постои согласност од двете страни.

„Немам никаков проблем да се среќавам и да разговарам со сите соседи, претставници на влади од нашето соседство. Ние со нашиот јужен сосед работиме на многу проекти, меѓу кои и гасниот интерконектор, нафтоводот, прекугранични проекти… Со Киријакос Мицотакис сме во иста група, во европското семејство на народните партии, со Неа демократија сега се видовме во Тиват. Јас не живеам од стереотипи и антагонизам, суштината во животот е да создадете пријател повеќе и во рамките на тоа пријателство да размените ставови на некои состојби со кои не се согласувате. Не може за сè да се согласиме, но важно е да разговараме. Јас апсолутно сум подготвен со секого да разговарам на сите теми, па и за оние за кои не се согласуваме“, истакна премиерот по посетата на реконструираната Општа болница во општина Струмица.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content