ФОТО: Гаши на средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Солстром.

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации.

Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Македонија во процесот на европска интеграција. Во разговорот беше истакната важноста од задржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, како клучен инструмент за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

Амбасадорот Солстром ги поздрави одличните односи меѓу двете држави и посебен акцент стави на работата на Собранието и на реформските процеси кои се спроведуваат во насока на зајакнување на демократските институции и напредокот кон Европската Унија. Тој уште еднаш ја потврди силната и континуирана поддршка на Шведска за европската интеграција на Северна Македонија, истакнувајќи дека Северна Македонија несомнено припаѓа на европското семејство.

Соговорниците се согласија дека одличната соработка меѓу двете пријателски држави треба и понатаму да се продлабочува, со посебен фокус на унапредување на економската соработка, инвестициите и меѓупарламентарните врски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content