Дурмиши: Отворени сме за нови инвестиции и партнерства

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул, каде ја истакна посветеноста на Владата за создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, насочена кон поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Како што соопшти Министерството за економија и труд, во своето обраќање, министерот Дурмиши нагласи дека Република Турција е еден од најзначајните економски партнери на Македонија, при што трговската размена континуирано расте, а турските компании со децении имаат значајна улога како инвеститори, работодавачи и партнери во развојот на македонската економија.

– Македонија е отворена за нови инвестиции и нови партнерства. Нудиме стабилна макроекономска политика, стратешка географска положба, пристап до регионалните пазари, квалификувана работна сила и силна институционална поддршка за инвеститорите. Уште поважно, нудиме партнерство засновано на доверба и долгорочна соработка – истакна министерот Дурмиши.

Во Истанбул денеска се одржува бизнис-форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Македонија пред турската деловна заедница.

Форумот се организира во рамките на проектот „Промоција на мапа за инвестирање“ како дел од програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во соработка со УНДП. Форумот има цел да ги поврзе институциите и бизнис-секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции.

На настанот е најавено учество на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој ќе предводи владина делегација составена од ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

Од турска страна домаќин на форумот е министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а организацијата ја спроведуваат Министерството за трговија на Турција и DEİK – Советот за надворешни економски односи.

Во рамките на програмата ќе бидат претставени инвестициските потенцијали на нашата земја, а настанот ќе вклучи и официјални обраќања, тематски панели посветени на трговијата, енергетиката и инфраструктурата, како и Б2Б-средби меѓу компании од двете земји, со фокус на размена на искуства и унапредување на соработката во клучните економски сектори.

Форумот е наменет за компании што имаат интерес за проширување на своето присуство на меѓународните пазари и воспоставување нови деловни партнерства во рамките на регионалната економска соработка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content