Муцунски имал обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка меѓу двете земји.
„Пораката што ја упатив е јасна, економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати. Затоа е неопходно дополнително да ја зајакнеме директната соработка меѓу бизнис-заедниците и да поттикнеме нови партнерства во индустријата, ИКТ-секторот, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите. Посилната економска соработка не е важна само за нашите две држави. Таа значи поголема поврзаност, поголема конкурентност и повеќе можности за развој на целиот регион“, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
