Николоски од Истанбул: Македонија и Турција градат заедничка визија за економски развој

На средбата биле потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави.

„Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност“, истакнал вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата, информира Министерството за транспорт, бил ставен на развој на инфраструктурата и  регионалното поврзување, а притоа вицепремиерот истакнал дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

„Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори“, истакна вицепремиерот Николоски.

Говорниците, се вели во соопштението,  се согласиле дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content