Партијата на Турците поднесе претставки до ДКСК и КСЗД, бара проверка како се делат државните пари

Според партијата, повод за реакцијата се јавно објавените резултати од конкурсот, при што финансиска поддршка добиле 36 проекти на здруженија и фондации, но ниту еден проект од организации кои дејствуваат во интерес на турската заедница не бил избран за финансирање.

ТХП оценува дека ваквиот исход отвора сериозни сомнежи за транспарентноста и правичноста на процесот, поради што бара од надлежните институции да утврдат дали распределбата е спроведена согласно законските процедури и утврдените критериуми.

Во претставката до ДКСК се бара проверка на целокупната постапка, начинот на примена на критериумите за избор, како и евентуален судир на интереси, пристрасност или други неправилности во процесот на одлучување.

До КСЗД, пак, е доставено барање да се утврди дали постои директна или индиректна дискриминација врз основа на етничка припадност, односно дали организациите блиски до турската заедница биле ставени во понеповолна положба во однос на други апликанти.

Од ТХП порачуваат дека не бараат привилегии, туку еднаков и транспарентен пристап до јавните средства за сите заедници, во согласност со принципите на еднаквост и недискриминација.

Партијата очекува ДКСК и КСЗД да постапат во најкус рок, да ги разгледаат наводите и да утврдат фактичка состојба согласно своите законски надлежности.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content