Божиновска: Македонија во Истанбул ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Истанбул учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, посветен на продлабочување на економската соработка и привлекување инвестиции.

Како што соопштуваат од Министерството за енергетика, на форумот присуствува владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министри од економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот сектор. Домаќин на настанот од турска страна е министерот за трговија, Омер Болат, а организатори се турското Министерство за трговија и Советот за надворешни економски односи (DEİK).

Форумот ги обединува претставниците на институциите и бизнис-заедниците од двете земји со цел зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестициски иницијативи.

– Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе биде учесник на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима – стои во соопштението.

Предвидено е Божиновска да оствари и билатерална средба со турскиот министер за трговија Болат, на која ќе се разговара за унапредување на економската соработка, зголемување на турските инвестиции и можностите за партнерства во енергетиката и стратешките индустрии.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content