Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ се осврна на системот СМАРТ лиценци, проект кој Министерството за дигитална трансформација неодамна го промовираше.

Андоновски истакна дека системот е веќе подготвен и функционален, и дека истиот веќе се користи за лиценците кои ги издава министерството за дигитална трансформација.

-Ова е проект кој веќе се спроведува во Министерството за дигитална трансформација. Почекавме системот да биде готов и да може да се тестира, за потоа да го предложиме пред јавноста и да ги запознаеме и другите институции со него, посочи министерот.

Тој нагласи дека преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk веќе се аплицира за лиценци поврзани со доверливи услуги, како електронски печат, електронски потпис и временски жиг, кој ги издава Министерството за дигитална трансформација при што напомена дека системот функционира успешно.

Според Андоновски, следниот предизвик е системот да биде прифатен и имплементиран и од други институции, бидејќи станува збор за решение кое е потребно на државата од аспект на транспарентност, ефикасност и подобра услуга за граѓаните и компаниите.

-Граѓаните треба да бидат сигурни дека доколку некој објект функционира, тој има важечка лиценца за соодветната дејност. Компаниите треба полесно да аплицираат и да немаат впечаток дека нивниот предмет се чува во фиока, а институциите треба да бидат поефикасни во меѓусебната размена на податоци, истакна Андоновски.

Министерот појасни дека системот овозможува автоматизирано повлекување на податоци кои веќе ги поседуваат институциите, без потреба граѓаните и компаниите повторно да доставуваат дополнителни документи и информации.

-Системот е целосно тестиран и подготвен да се имплементира и во други институции, додаде Андоновски.

Тој информираше за примерот на соработката со Министерството за економија и труд, каде што веќе се работи на имплементација на истиот систем. Како што посочи, негативното искуство од Кочани, како и тогашните анализи на Пазарниот инспекторат, покажале дека голем дел од објектите немале соодветни лиценци, што ја потврдува потребата од вакво дигитално решение.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content