На свечената академија по повод дваесет години од основањето на Комората на извршители на Република Македонија, заменик министерот за правда Ален Деребан истакна дека извршувањето е еден од клучните столбови на правната сигурност и владеењето на правото.
-Во изминатите две децении, извршителите се етаблираа како важен дел од правосудниот систем, придонесувајќи за поефикасна заштита на правата на граѓаните и правните субјекти. Честитки за големиот јубилеј до сите членови на Комората на извршители. Нека овие дваесет години бидат повод за гордост и признание за досегашната работа, а истовремено и поттик за нови успеси во служба на правдата, професионалноста и јавниот интерес, посочува Деребан.
Министерството за правда и понатаму ќе остане посветен партнер во унапредувањето на законската рамка и јакнењето на системот на извршување, со цел да обезбедиме современа јавна служба која ефикасно ги штити правата и интересите на сите граѓани.
