Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.
Министерот за здравство, Азир Алиу порачува дека наша обврска како институции е да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот.
