ИЈЗ ја започна кампања: „Пубертетот и менстуалниот циклус кај девојчињата“

Според Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година, Институтот за јавно здравје започна кампања на тема: „Пубертетот и менстуалниот циклус кај девојчињата“.

Денес се одржани едукативни предавања од страна на експерти од Институтот за јавно здравје, каде беа опфатени ученичките од 5-то одделение во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода, Скопје.

Предавањата беа посветена на темата пубертет и што опфаќа тој период, со посебен осврт на менструалниот циклус, при што девојчињата имаа можност да се информираат за промените што ги носи овој период, на начин прилагоден на нивната возраст.

„Преку отворен разговор, едукативен пристап и итерактивни игри се поттикна развојот на здравствената писменост, самодовербата и грижата за сопственото здравје“, информираа од ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје ќе ја продолжи активноста за едукација и во другите училишта во државата и изразија благодарност до училиштето за соработката и поддршката во реализацијата на оваа значајна активност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content