ФОТО: Започна меѓународната вежба „Trojan Footprint 26“

Во рамки на меѓународната воена вежба „Trojan Footprint 26“, денес, на армискиот полигон (AП) „Криволак“, официјално започнаа активностите на најголемата НАТО вежба за специјални сили во Европа. Вежбата ќе се реализира во период од 11 до 22 мај 2026 година на повеќе локации низ Европа.

На вежбата на АП „Криволак“, покрај припадници на специјалните сили од Армијата, учествуваат и припадници од Вооружените сили на САД, Обединетото Кралство и Швајцарија.

На „Trojan Footprint 26“ учествуваат повеќе од 3.000 припадници на специјалните сили од НАТО сојузничките и партнерските земји, со цел унапредување на интероперабилноста, зајакнување на меѓусебната соработка и зголемување на способностите за заедничко дејствување.

Баталјонот за специјални сили „Волци“ учествува со два тима и во Република Грција, каде што ќе се реализира реоценување на тимовите, согласно NATO SOFEVAL процедурите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content