Сали: Инвестицијата во знаење и иновации е инвестиција во европската иднина

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека знаењето, науката и иновацијата се клучни двигатели на економскиот развој и на европската интеграција на државата.

„Денес, повеќе од кога било, економскиот напредок зависи од човечкиот капитал и способноста идеите да се претворат во конкретна вредност. Ваквите настани се доказ дека имаме генерации кои се подготвени да ја градат иднината,“ истакна Сали.

Тој нагласи дека Научниот саем претставува платформа каде младите ги презентираат своите идеи и иновативни решенија, со што се создава мост помеѓу образованието, технологијата и бизнисот.

Министерот посочи дека поддршката за образованието и иновациите останува стратешки приоритет, нагласувајќи дека европската иднина се гради преку инвестиции во младите и нивниот потенцијал. На крај, Сали им честиташе на организаторите за успешната реализација на настанот и им посака успех на сите учесници.

МИА

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content